Вардар со победа против фенерџијата Извиѓач ја заврши сезоната во СЕХА


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ракометарите на Вардар го победија Извиѓач на гости во натпревар од 18-то коло во СЕХА, 27:33.

Чупиќ и Канељас на почетокот на натпреварот погодија за 1:3. Домашните постигнаа три погодоци во низа за минимално водство, 4;3.

Вардар преку Канељас, Карачиќ и Марсениќ зголемија на 5:7. Вардарци со четири погодоци во низа стигнаа до пет погодоци предност, 6:11.

Грбавац постигна два погодоци во низа, Карачиќ возврати со иста мерка за 11:16. На полувреме црвено-црните заминаа со пет погодоци, 12:17.

Домашните на почетокот на второто полувреме постигнаа три погодоци во низа за 16:19. Марсениќ, Карачиќ и Недановски зголемија на 19:24.

Девет минути пред крајот на натпреварот Вардар имаше предност од осум погодоци, 21:29. Вардар до крајот на натпреварот ја задржа предноста и победи со 27:33.

Игор Карачиќ со 8 погодоци го предводеше Вардар. Жоан Канељас постигна 6, Хорхе Македа 4, Владо Недановски и Мијајло Марсениќ по 3, Алекс Душебаев и Лука Циндриќ по 2, Мартин Поповски и Иван Чупиќ по 1 погодок. Кај Извиѓач најмногу се истакна Грбавац со 8 погодоци.

За Вардар ова беше последниот натпревар оваа сезона во СЕХА. Црвено-црните сезона ја завршија со 15 победи, 2 реми и 1 пораз и на првата позиција.