Шмајхел херој – Лисиците ја победија Севиља за историско 1/4 финале (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Лестер ја победија Севиља на Кинг Пауер во реванш натпреварот од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите, 2:0.

На почетокот на натпреварот Насри шутираше, но Шмајхел го одбрани неговиот удар. Во 27-ма минута Марез нафрли од слободен удар, а Морган со глава донесе водство на Лестер.

Ескудеро во второто полувреме ја погоди пречката. Олбрајтон на другата страна ја затресе мрежата на Рико и го зголеми водството на лисиците.

Петнаесет минути пред крајот на натпреварот Севиља остана со фудбалер помалку. Самир Насри доби втор жолт картон. Шмајхел направи прекршок во казнениот простор, а андалузијците добија пенал. Голманот на Лестер го одбрани ударот на Нзонзи од белата точка.

Со вкупен резултат 3:2 се пласираа во 1/4 финалето во ЛШ каде што се и Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и Јувентус.