Дибала од пенал го реши Порто – Јувентус е 1/4 финалист (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус на Јуве Арена го победија Порто минимално во реванш натпреварот од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите, 1:0.

Дибала на почетокот на натпреварот шутираше непрецизно. По голот на Касиљас се закани и Манџукиќ, но шпанскиот голман го одбрани ударот на хрватот.

Пет минути пред крајот на првото полувреме црвен картон доби Переира, а Јувентус пенал. Дибала од белата точка ја затресе мрежата на Касиљас за водство на бјанконерите.

Соарес и Игуаин во второто полувреме имаа шанси за погодок кои не ги искористија, па промена на резултатот до крајот на натпреварот немаше, 1:0.

Јувентус се пласира во ¼ финале со вкупни 3:0, а во ¼ финалето се наоѓаат и Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и Лестер.