Дали знаете кој го бодреше Лестер од трибините?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Лестер вечерва во натпреварот против Севиља имаа поддршка од страна на Н`Голо Канте.

Францускиот фудбалер, кој веќе некое време го носи дресот на Челси, дојде на Кинг Пауер да ги следи поранешните соиграчи во нов, историски успех.

Канте во минатата сезона беше носител на играта во тимот на Лестер и токму на него Лисиците должат голема благодарност за пласманот во најелитното клупско натпреварување и воедно титула шампион на Англија.

Доаѓањето на Канте не можеше да помина незабележано и низ објективот бидејќи е забележано како го следи натпреварот.