„Барселона? Може, но во финале!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус е единствен тим кој не прими ниту еден гол во 1/8-финале на ЛШ, со вкупен резултат 3:0 го елиминираше Порто.

Дани Алвеш беше еден од стрелците за Јувентус, а кога станува збор за нареден противник во ЛШ, тој вели:

„Не би сакал да играме против Барселона. Би бил многу чуден натпревар за мене.“

„Ако навистина морам да играм против нив, тогаш тоа нека биде во финалето.“

Да потсетиме, искусниот бек 8 години го носеше дресот на Барселона и ова натпреварување го освојуваше дури 3 пати. Во финлаето 2015-та беше токму подобар од Јувентус.