Теренот на Ростов суспендиран после критиката од Мурињо!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед и Ростов играа 1/8 финале од ЛЕ во Ростов, а Мурињо го критикуваше тој терен каде што се одигра натпреварот кој заврши со резултат 1:1.

„Тешко ми е да поверувам дека таму ќе играме“  – беа зборовите на Мурињо пред натпреварот.

Руската лига денеска и официјално му забрани на клубот да ги игра домашните натпревари таму, се додека не се поправи теренот.

Ростов може да избере на кој стадион ќе се игра.