Граѓаните на колена на Луј Втори – Монако е четвртфиналист (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Монако го победија Манчестер Сити на Луј Втори во реванш натпреварот од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите, 3:1.

На почетокот на натпреварот Мбапе се закани по голот на Кабаљеро кој го одбрани неговиот удар. Во осмата минута Мбапе го совлада Кабаљеро за водство на Монако.

После половина час игра на Луј Втори, Монако го зголеми водството. Фабињо донесе втора радост на домашните навивачи.

Субашиќ во второто полувреме му одбрани зицер на Агуеро. Сане пропушти голема шанса за погодок во 67-ма минута од натпреварот. По шутот на Стерлинг топката се одби до Сане кој намали на 2:1.

Шест минути подоцна после нафрлена топка од слободен удар, Бакајоко со глава ја затресе мрежата на граѓаните по трет пат, 3:1.

До крајот на натпреварот немаше промена на резултатот, па Монако се радуваше, 3:1.

Во 1/4 финале се пласира Монако со вкупен резултат 6:6. Останати клубови кои се пласираа во четвртфинале во ЛШ се Реал Мадрид, Барселона, Борусија Дортмунд, Баерн Минхен, Јувентус, Лестер и Атлетико Мадрид.