На Калдерон една голема нула – Атлетико во четвртфинале


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Атлетико Мадрид и Баер Леверкузен ремизираа на Висенте Калдерон во реванш натпреварот од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите, 0:0.

Лено во две минути два пати одбрани фантастично. Голманот на гостите ги запре ударите на Кореа и Коке.

Воланд на почетокот на второто полувреме беше најопасен по голот на Атлетико Мадрид, но Облак не дозволи топката да ја затресе мрежата. До крајот на натпреварот останаа почетните 0:0.

Јорганџиите се пласираа во 1/4 финалето во Лигата на Шампионите со вкупен резултат 4:2. Останати клубови кои се во 1/4 финале се Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Јувентус, Лестер и Монако.