Металург ги започна подготовките во Пореч со победа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Металург во Пореч го одигра првиот пријателски натпревар.

Денес клубот од Автокоманда го совлада Пореч со 36:29.

Во првото полувреме рамноправна борба помеѓу двата клуба, а Металург на полувреме замина со минимална предност, 16:15. Металург во второто полувреме го надигра противникот и на крајот победи со 36:29.

Тренерот Лино Червар му даде шанса на сите ракометари, а Гуглета и Кузмановски играа после враќањето од повреда.

Костески и Обрадовиќ го предводеа Металург со по 6 погодоци. Илиќ, Велковски и Пешевски постигнаа по 4, Палевски 3, Дрогришки, Нелоски и Гуглета по 2, Петров, Вејин и Кузмановски по 1 погодок.