Реал досега никогаш немал проблеми со погодоци – Овие 11 дефанзивци имаат постигнато заедно 424 погодоци


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Многу дефанизвци оставија голема впечаток во Реал.

Серхио Рамос во последните денови е главна тема на сите разговори во Реал. Овој 30-годишен фудбалер постигна два погодоци против Наполи во реваншот во 1/8 финалето во ЛШ, а потоа постигна погодок и против Бетис. АС направи листа на 11 најдобри стрелци кои имаат обврска да ја чуваат својата мрежа.

Мигел Тендиљо – Иако неговиот погодок на Реал во последното коло во сезоната 1982/83 му ја зеде од раце титулата на кралскиот клуб, Тендиљо остави впечаток и во белиот дрес. Во пет сезони од 1987-ма до 1992-ра постигна 11 погодоци.

Хозе Камачо – Тој одигра 577 натпревари за Реал пред да отиде во пензија во 1989-та година. Беше еден од најдобрите дефанизвци на светот во осумдесетите, а постигна 11 погодоци.

Пепе – Во Реал е од 2007-ма година, а досега има постигнато 14 погодоци. Најверојатно ќе си замине од Реал ова лето.

Хосе Луиз Пеинадо – Помеѓу 1967-ма и 1976-та година одигра 183 натпревари за Реал и постигна 16 погодоци.

Игнасио Зоко – Вистинска легенда на клубот. Играше во средниот ред и одбраната помеѓу 1962-ра и 1974-та, а постигна 17 погодоци.

Марсело – Бразилецот, освен дефанзивците одлично ги извршува и офанзивните задачи. Досега има постигнато 26 погодоци за кралскиот клуб.

Феликс Куесада – Незаменлив член на дефанзивната линија на Реал во 20-те години минатиот век. Играше од 1921-ва до 1936-та и постигна 32 погодоци.

Иван Елгера – Тој во 2002-ра во ЛШ постигна важни погодоци против Баерн и Барселона во четвртфиналето и полуфиналето, а во кариерата за кралскиот клуб постигна 33 погодоци.

Роберто Карлос – Неговиот слободен удар беше торпедо за противничките голмани. Овој бразилец одигра 512 натпревари за Реал и постигна 68 погодоци.

Серхио Рамос – Со 69 погодоци го престигна Роберто Карлос на оваа листа, а листата на одлучувачки погодоци кој ги постигна за кралскиот клуб е импресивен.

Фернандо Јеро – Некој ќе каже дека не припаѓа овде бидејќи поголем дел од кариерата го играше во средниот ред. Но, Јеро остави голем впечаток во одбраната, а на 601 натпревар постигна 127 погодоци.