Мбапе повикан во репрезентацијата на Франција, го нема Лаказет!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Килијан Мбапе е повикан во репрезентацијата на Франција пред наредниот дуел со Луксембург. Еве ги сите повикани.

Репрезентацијата на Франција наредниот дуел од квалификациите за СП го игра против Луксембург, а имаше изненадување на списокот на Дидие Дешан.

Најголемо изненадување е изостанувањето на Лаказет, кој во оваа сезона игра фантастично во дресот на Лион и повторно се очекува да оствари голем трансфер на лето.

Сепак, присуството на Килијан Мбапе сите ги воодушеви, многумина го очекуваа 18-годишниот играч на Монако во дресот на репрезентацијата наскоро.

Голмани: Ареола, Коштил, Лорис

Одбрана: Кимпембе, Кошчелни, Курзава, Менди, Рами, Умтити, Сидибе, Сања

Среден ред: Канте, Лемар, Погба, Рабио, Матуиди, Толисо

Напаѓачи: Осман Дембеле, Гамеиро, Мпабе, Тован, Гризман, Паје и Жиру.