Бешикташ, Селта и Генк изборија пласман во четвртфиналето на ЕЛ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Одиграни се три реванш натпревари од 1/8 финалето на Европската лига, каде што пласман понатака потврдија Бешикташ, Генк и Селта Виго.

Бешикташ на својот терен славеше против Олимпијакос со високи 4:1 и така, после 1:1 од гости, во четвртфиналето се пласираше со високи 5:2.

Домаќините поведоа преку Абубакар во 10 минута, а на 2:0 зголеми Бабел во 22 минута.

Ситуацијата за домаќините се закомплицира прво во 31 минута кога Елиуноси намали на 2:1, а потоа посебно осум минути подоцна кога Абубакар доби црвен картон поради неспортско удирање на фрудбалер на Олимпијакос без топка.

Олимпијакос пробуваше да дојде до израмнување и домашните навивачи се плашеа се до 75 минута, а тогаш искусниот Рајан Бабел со својот втор гол на натпреварот го доведе Бешикташ до водство од 3:1.

Конечните 4:1 ги постави Тосун во 84 минута, само две минути после влегувањето во игра.

Селта од Виго како гостин го совлада Краснодар со 2:0 со головите на Маљо од 52 минута и Аспас во 80 минита, и со вкупен резултат од 5:2 се пласира понатака.

Рускиот претставник натпреварот го заврши со десетмина играчи на теренот поради исклучувањето на Каборе во 86 минута.

Белгискиот дуел Генк и Гент е завршен со реми од 1:1, а тоа беше и повеќе од доволно за Генк да се пласира во наредниот круг после победата од 5:2 од првиот дуел.

Домаќините поведоа со 1:0 со голот на Кастање од 20 минута, а во 84 минута Вестраете погоди за конечни 1:1.

Преостанатите пет натпревари од 1/8 финалето на ЕЛ започнаа од 21:04 часот.