Индијан Велс – Младеновиќ со пресврт подобра од Возњацки!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Денес се одигра натпреварот во ¼-финалето помеѓу Возњацки и Младеновиќ.

Возњацки одлично го започна натпреварот и благодарение на 2 брејкови на противничкиот сервис, без разлика тоа што изгуби 1 свој сервис, беа доволни за победа од 6:3 во првиот сет.

Во вториот сет беше видена голема борба и по 3 брејкови на двете страни, па сетот продолжи во тај-брејк.

Таму подобра беше Младеновиќ која успеа да направи дури 3 мини-брејкови и да стигне до 7:4 во тај-брејкот.

Последниот сет се соочи со проблеми Возњацки и при резултат од 2:2 мораше да интервенира докторот. А потоа започна падот, односно 5 гејмови во серија на Младеновиќ беа доволни за 6:2 и пласман во ½-финале.