Мата и Ромеро донесоа четвртфинале на Јунајтед, пирова победа на Рома против Лион


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед, Ајакс, Андерлехт и Шалке се пласираа во четвртфиналето на ЕЛ.

Јунајтед на својот Олд Трафорд го совлада Ростов со 1:0, а единствениот гол на натпреварот го постигна Хуан Мата во 70 минута.

Домаќините во првото полувреме имаа неколку големи шанси, погодија и статива преку Ибрахимовиќ, а во продолжението го постигнаа единствениот гол кој им беше доволен за пласман понатака после 1:1 од првиот меч одигран во Русија.

Најинтересниот меч  вечерва го одиграа Борусија Мехенгладбах и Шалке.

Иако Гладбах водеше со 2:0, мечот на крајот е завршен со 2:2 па понатака се пласираа гостите од Гелзенкирхен.

Кристенсен и Дауд во првото полувреме погодија за Борусија, а во продолжението Горетцка и Бенталеб од пенал донесоа на Шалке пласман понатака.

Првиот меч на овие два клуба е завршен со резултат 1:1, па Шалке помина во четвртфиналето поради еден гол повеќе во гости.

Минимална победа славеше и Андерлехд кој, истотака со 1:0 беше подобар од АПОЕЛ. Единствениот гол на натпреварот го постигна во 65 минута Ачеампонг.

Првиот меч на овие два клуба е завршен со идентичен резултат, па Андерлехт се пласира понатака со вкупни 2:0.

Ајакс на домашен терен славеше против Копенхаген со 2:0 и таа победа им беше доволна да го исфрлат својот вечерашен противник и да изборат пласман во четвртфиналето.

Траоре во 23 минута погоди за 1:0, а Долберг со судиското продолжение од првиот дел од играта го постави конечниот резултат на натпреварот.

Копенхаген во Амстердам допатува со преднсот од 2:1 од првиот натпревар и сигурно ќе има за што да жали после завршувањето на мечот.

Рома славеше со 2:1 против Лион, но тоа не беше доволно да се пласираат во четвртфиналето.

Лион прв дојде во водство со голот на Диакаби во 16 минута, а во следниот напад Стротман израмни на 1:1, со тој резултат се заврши полувремето.

Во второто полувреме со автоголот на на Тусарт Рома дојде до предност, но со тој резултат се заврши натпреварот. Да потсетиме дека Лион дома славеше со 4:2.