„Сакам да го извлечеме Лестер и тоа поради Раниери“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска на распоредот е ждребот од четвртфиналето на Лигата на шампионите, пред кој секој има различни желби.

Некој своите желби ги чува за себе, додека некои не се двоумат да ги споделат и јавно.

Еден од тие е дефанзивецот на Минако Андреа Раги, кој отворено порача дека за противник го сака Лестер и тоа поради желба за одмазда.

„Во четвртфиналето го сакам Лестер. Тоа би било забавен предизвик, а мислам дека ќе ги победиме. Сакам на тој начин да се одмаздам за Раниери, кој ми испрати убава честитка после триумфот над Сити“, рече 32-годишниот италијански стопер.

Клаудио Раниери претстојуваше на натпреварот Монако и Манчестер Сити, каде што домашниот тим славеше со 3:1.