Оклахома стигна до нова победа, Вестбрук блиску до рекорд!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со нов трипл-дабл Вестбрук и донесе победа на Оклахома. Тој со 24 поени, 16 асистенции и 10 скокови стигна до 34-от трипл-дабл и сега е се поблиску до рекордерот Робертсон.

Оклахома успеа да победи против Торонто со 123:102.

Џејмс со 33 поени, 10 скокови и 6 асистенции го однесе Кливленд до победа против Јута од 91:82. Ирвинг постигна 21 поен. Кај гостите најдобар беше Гоберт со 20 поени и 19 скокови.

Голден Стејт беше подобар од Орландо со 122:92, со одличните игри на Томпсон и неговите 29 поени и Кари и неговите 25 поени.

Денвер успеа да го победи Клиперс со 129:114, а најдобар играч кај домаќините беше Бартон со 35 постигнати поени. На другата страна Редик постигна 22 поени.

Во дуелот на Атланта и Мемфис, победија гостите со 103:91 со 22 поени и 12 асистенции на Кунли.

Дербито во Њујорк го доби Бруклин кој победи со 121:110. Најдобар беше Лопез кај гостите со 24 поени.