„Заслуживме повеќе!“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Рома минатата вечер се прости од ЛЕ за сезоната 2016/17 и покрај победата против Лион од 2:1.

Со оглед на тоа дека францускиот тим победи со 4:2 во првиот натпревар, на Рома таа победа не е беше доволна, па Спалети по натпреварот призна дека е разочаран.

„Жал ми е поради тоа што испаднавме, но морам да бидам задоволен со начинот на кој мојот тим го одигра натпреварот. Бевме борбени, направивме голем број шанси и не се предававме до крај. Заслуживме повеќе.“

„Во натпреварот со Лион направивме многу грешки, а жал ми е поради тоа што во Франција бевме поразени со 4:2. Можеби Лион заслужено оди понатаму, но искрен да бидам, не видов голема разлика меѓу нашите тимови.“