„Ќе преговараме со Јунајтед ако е потребно“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Јаја Туре на крајот од оваа сезона би можел да го напушти Сити и не се отфрла можноста да премине во градскиот ривал Манчестер Јунајтед.

Договорот на Туре му истекува летово и од таборот на Сити немаат некоја голема желба да го продолжат па тој ќе бара нов клуб.

Димитри Селук, инаку агент на Туре не ја отфрла можноста неговиот клиент да замине во Манчестер Јунајтед ова лето.

„Ако понудата е добра, ќе разговараме со Јунајтед. Мурињо е одличен тренер, а со Ибра играше во Барселона“ – изјави Селук

Тој изјави дека и моментално не постојат никакви преговори со никоја екипа.