Соопштение од ФК Победа-пред првиот прволигашки натпревар во Прилеп


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Почитувани љубители на фудбалот, Победа по долг период повторно ќе игра на „вистински“ домашен терен. Се надеваме дека им ставивме крај на уморните и скапи домашни натпревари во други градови.

Со почеток од 14ч. сабота (18.03.2017год) на теренот на Паркот на револуцијата „Могила“, ФК Победа го пречекува ФК Шкупи, екипа со која сме во тесна трка на табелата од Првата Македонска лига. Ова е една од најважните битки во борбата за опстанок, па поддршката од публиката ќе е витална!
Со нашата макотрпна работа за оспособување на овој терен, кој претходно не исполнуваше услови за играње натпревари од Првата лига, успеавме да добиеме дозвола од ФФМ за играње и со тоа да овозможиме прилепските фанови почнувајќи од оваа сабота да гледаат прволигашки дуели во Прилеп. Но, односот на навивачите и публиката ќе биде бурно следен од официјалните лица и не смееме во ниеден момент да паднеме на тестот за добри домаќини. Апсолутно непотребни и непожелни се непристојни однесувања на трибините и околу стадионот, затоа што со тоа може да нанесеме штета единствено на клубот, кој се бори за опстанок во оваа прва сезона како прволигаш по осум години.
Поставивме 1.000 седишта и има простор за стоење за 500 гледачи, што е доволно за останатите прволигаши низ Македонија, но не и за поддржувачите на ФК Победа. Знаеме дека интересот за овој натпревар е голем, па затоа ги повикуваме сите оние кои ќе сакаат да го следат овој дуел, да дојдат еден час пред почетокот, за да можат навремено да се обезбедат со влезница (која ќе чини симболични 100денари), затоа што влезовите ќе бидат контролирани и несмее да има повеќе гледачи од бројот на столчиња.
Ова е голем тест за нас како домаќини и мора да го „положиме“, затоа што ФК Победа е поголема и повредна од сите нас!!!

со почит,

Гоце Ингилизов
(Претседател на ФК Победа Прилеп)