Мислите дека е едноставно да бидете селектор на Франција?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Францускиот селектор Дидие Дешампс го објави списокот на играчи за наредниот собир.

Тој имаше тешка задача да го одбере тимот, а кога ќе го прочитате списокот, ќе ви стане се јасно.

Франција игра против Луксембург и Шпанија, а тренерот ќе има големи проблеми кој да го стави во нападот.

На списокот нема играчи како Бензема, Марсијал, Фекис или Лаказет. И тогаш мислите дека е лесно да бидете тренер на Франција?

Голмани: Лорис, Костил, Ареола

Одбрана: Курзава, Менди, Кошчелни, Рами, Умтити, Кимпембе, Сања, Сидибе

Ред за врска: Матуиди, Канте, Рабиот, Погба, Паје, Толисо и Лемар

Напад: Жиру, Дембеле, Гризман, Гамеиро, Мбапе, Таувин.