„Ќе изгубиме во недела“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед би можел да биде загрижен пред натпреварот со Миделзброу.

Јунајтед испадна од ФА купот од Челси, а потоа со победата против Ростов обезбеди пласман во ¼-финале во ЛЕ, но Мурињо е загрижен поради густиот распоред.

„Имаме многу непријатели. Нормално дека тоа треба да биде Ростов, но ние имаме многу. Тешко е да се игра во понеделникот со 10 играчи, тешко е да се игра сега, па потоа во недела попладне.“

„Многумина велат дека треба да постигнеме повеќе голови, но има многу работи кои се против нас. Играчите се фантастични, но заморот има цена. Веројатно ќе изгубиме во недела.“

Натпреварот помеѓу овие 2 тимови се игра во недела од 13 часот.