Ништо не се знае – Кој ли ќе биде замена на Енрике?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Луис Енрике донесе одлука да ја напушти Барселона на крајот на годината.

Шпанецот соопшти дека на крајот на идната сезона ќе го напушти тимот на Барселона и воедно ќе се повлече од фудбалот на одреден период.

Во Барселона бараат замена за него, а медиумите шпекулираат за неколку имиња.

Се споменуваше Сампаоли, кој од минатото лето ја води Севиља, но наводно тој се договорил со својот сегашен тим.

Сега се споменува името на Валверде. Тој моментално го води Атлетик Билбао, но тоа не му претставува проблем доколку Барселона го сака во тимот.

Тој како играч настапуваше за Барселона две години.