Кинезите се откажуваат од купувањето на Милан?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Според медиумите од Италија, управата на компанијата која сакаше да го купи Милан, размислува да се откаже од најавеното превземање на тимот.

Компанијата веќе неколку месеци преговараше за откуп на италијанскиот гигант, па ако може да им се верува на медиумите, Кинезите се повлекуваат од целата приказна поради финансиски проблеми.

Според медиумите, на Кинезите им остана уште една рата од 100 милиони евра да го превземат тимот од Берлускони, но големиот број на финансиски проблеми веќе со месеци го одложуваат превземањето.

Во случај да пропадне ова, 200-те милиони кои досега ги уплатија Кинезите ќе останат кај Берлускони.

Новиот рок за превземање на Милан е 7-ми април.