Манчестер казнет поради инцидент на мечот со „Сините“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалскиот сојуз на Англија (ФА) го казни Манчестер Јунајтед со 20 000 фунти затоа што не ги контролираше своите играчи во текот на натпреварот од ФА Куп со Челси во понеделникот, соопштено е денеска.

Неколку играчи на Јунајтед пријдоа на судијата Мајкл Оливер  поради тоа што го исклучи Андер Ерера во 35 минута од натпреварот во Лондон.

Челси мечот го доби со 1:0 со гол на Н` Голо Канте.

Ерера доби два жолти картони, двата поради старт над крилото на Челси Еден Азар.

Судијата после вториот го опружија играчи на Манчестер.

Во текот на возбудливото прво полувреме дојде и до конфликт на тренерите, па така што четвртиот судија мораше да застане меѓу Жозе Мурињо и Антонио Конте и да спречи физички контакт.