Сити пишува историја – Од наредната сезона, спонзор и на ракавите!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Како што сеуште не е дозволено за на ракавите од дресовите да стои име на спонзор, Граѓаните со тоа ќе се послужат од наредната натпреварувачка година.

Манчестер Сити ќе стане прв клуб во Премиер лигата кој на своите ракави ќе носи име на еден спонзор.

Тие парафираа асоработка со компанијата “Nexen Tire”, корејска компанија која се занимава со производство на губи за автомобили.

Поточно, споменатата компанија веќе работеше со екипата од Итихад, сега ја продолжија соработката, а во наредната сезона нивното лого ќе се најде и на ракавите фудбалерите на Манчестер Сити.

На промоцијата за продолжување на соработката како модели ќе присуствуваат фудбалери на првиот тим Илкај Гундоган и Габриел Жесус, како и претставнции на женскиот фудбалски тим Жил Скот, додека друштво ќе прави и тренерот на првиот тим на машката селекција Пеп Гвардиола.