Индијан Велс – Веснина и Кузњецова ќе играат во финале!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Елена Веснина и нејзината сонародничка Светлана Кузњецова ќе играат во финале на турнирот во Индијан Велс.

Веснина во првиот натпревар од ½-финале ја победи Младеновиќ со 6:3 и 6:4.

До победа во 2 сетови стигна и Кузњецова во дуелот со Плишкова, односно 7:6 и 7:6.

Победничката на турнирот ќе освои 1.175.505 долари, како и 1000 бодови за ВТА листата.

Поразената во финалето ќе добие 573.680 долари и 650 ВТА поени.

Финалниот натпревар се игра утре.