„Не ми е гајле за критиките!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новиот возач во Ф1, Ленс Строл изјави денес дека не му е гајле за критиките кои ги добива пред почетокот на сезоната.

Овој 18-годишен возач имаше променлива претсезона на тестирањата во Барселона.

Овој тинејџер е син на канадскиот милијардер Лоренс Строл.

„Баш ми е гајле за критиките. Тоа не е моја работа. Ние сме професионалци. Работите во авто-мото спортот се случуваат и вие едноставно мора да се одвоите од нив. Се е просто за сите. Првата недела беше фрустрирачка, но се сконцентриравме на втората и помина добро.“

„Мораме да останеме мирни, а не мислам дека треба да поставуваме било какви цели. Јасно е дека патеката ќе биде нова, поинаква. Има многу да се научи таму, но ќе се оди чекор по чекор.“

„Ќе биде тешко да се фатат првите три тимови, но се под тоа ќе биде голема битка.“