„Кокелан за Арсенал е исто што и Канте за Челси“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Арсенал, Венгер смета дека Кокелан е сличен на Канте.

На прашањето на новинарите да ги спореди Џака и Канте, Венгер одговори:

„Тие се различни типови на играчи. Кај Џака акцентот е на распределувањето на пасови низ линијата на противничкиот тим додека Канте е играч кој ја освојува топката и има неверојатна техника.“

„Попрво би го споредил Кокелан со Канте.“

„Џака е жртва на својата репутација. Стартовите на некои играчи се многу полоши отколку неговите. Тие за тоа не добиваат ниту жолт картон, а тој добива црвен. Тоа е затоа што го следи таков глас уште од БЛ.“

„Џака добива жолти картони по првиот старт. Негова цел не е да повреди играч, туку проблемот е во тоа што техниката со стартовите не му е совршена.“