Реал Мадрид и Барселона ги имаат двете најлуди недели оваа сезона


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Неверојатен април за фудбалери, но и за навивачите на Барселона и Реал Мадрид.

Ждребот во Нион му додели тешки ривали на шпанските гиганти, Баерн Минхен и Јувентус и така се направи уште полуд распоредот на Реал Мадрид и Барселона.

Април ќе биде месецот во кој Барселона и Реал ќе можат да покажат дали ќе имаат голема или слаба сезона.

Реал Мадрид за нијанса има потежок распоред, но и два бода повеќе и натпревар помалку во Ла Лига од Барселона.

Мадриѓаните во период од две недели играат градско дерби против Атлетико, потоа четвртфинале против Баерн и потоа веднаш ќе ја пречекаат Барселона.

Од другата страна, каталонците имаат полесен распоред во однос на дербито против Атлетико, но од 11-ти до 23-ти април играат четвртфинале против Јувентус, а пред тоа ќе ја пречекаат Севиља.

Ако Барселона испадне од Јувентус и изгуби од Реал Мадрид оваа сезона за нив ќе биде завршена на 23-ти април бидејќи ќе им остане само борбата за титула во купот на кралот.

Реал Мадрид е во подобра позиција поради бодовната предност, па дури и да испадне од Баерн и изгуби од Барселона ќе остане во борбата за титула до самиот крај.

Распоред на Реал Мадрид:

5 април – Легањес – Реал Мадрид
8 април – Реал Мадрид – Атлетико Мадрид
12 април – Баерн Минхен – Реал Мадрид
15 април – Спортинг Хихон – Реал Мадрид
18 април – Реал Мадрид – Баерн Минхен
23 април – Реал Мадрид – Барселона

Распоред на Барселона

5 април – Барселона – Севиља
8 април – Малага – Барселона
11 април – Јувентус – Барселона
15 април – Реал Мадрид – Реал Сосиедад
19 април – Барселона – Јувентус
23 април – Реал Мадрид – Баарселона