Ова е последна шанса за Роналдо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Селекциите на Франција и Португалија вечерва ќе играат во финалето на Европското првенство.
Иако многумина не очекуваа токму овие две селекции да се најдат во големото финале. Легендардниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, смета дека ова е последна шанса за Роналдо нешто да освои со Португалија.

“Тој на својата 31 година го игра своето второ финале со Португалија. Не сум сигурен дека Роналдо ќе има подобра шанса од оваа нешто да направи со својата земја.  Франција е одлична репрезентација, но Португалија покажа дека може да победи секого. Искрено, не очекував овие две селекции да стигнат во финалето, но се радува на вечрашниот натпревар”– изјави Марадона.

“Французите најмногу ќе се обидат да го запрат Роналдо, но исто така сметам дека во Португалија истото ќе го направат кога е Гризман во прашање”- изјави Марадона.