Ибра објасни зошто во 2006 потпиша за Интер!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако наскоро ќе наполни 36, Ибрахимовиќ е сеуште еден од најдобрите фудбалери во светот.

Шведскиот фудбалер ова лето го напушти ПСЖ и премина во Јунајтед а интересно е дека со сите клубови во кои играл го има освоено домашното првенство.

Ибра од Ајакс премина во Јувентус, но во 2006 го напушти клубот поради тоа што Јуве беше исфрлен во Серија Б поради наместени натпревари.

Го напушти Јувентус и го засили Интер.

После десет години Ибра објаснува зошто го избра ривалот на Јуве пред сите други понуди.

„Беше интересно летото кога се двоумев меѓу Интер и Милан, кога дознав дека Интер 17 години нема видено титула во Италија решив да потпишам и да им ја донесам титулата на Меаца. Преминав во Интер а останатото е историја“ – вели Ибра