ВБА е преголем залак за Арсенал – Главата на Досон и резервата Кану кобни за топџиите (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на ВБА го победија Арсенал на домашен терен во натпревар од 29-то коло во ПЛ, 3:1.

После дванаесет минути игра домашните стигнаа до водство. Досон со глава ги израдува домашните навивачи.

Радоста на домашните не траеше долго бидејќи три минути подоцна Санчез го израмни резултатот.

Фостер го одбрани ударот на Ремзи, а Чех беше на вистинското место по ударот на МекКлин. Три минути после одбраната на Чех, голманот на Арсенал беше заменет бидејќи се повреди. На полувреме се замина со нерешен резултат, 1:1.

По влегувањето на терен на Кану, велшанецот донесе водство на ВБА.

Велбек имаше шанса за израмнување, но ја погоди пречката. Петнаесет минути пред крајот на натпреварот Досон го постигна својот втор погодок и повторно со глава на натпреварот и ги постави конечните 3:1.

Арсенал после денешниот пораз ќе остане на петата позиција со еден бод повеќе од Манчестер Јунајтед кој има два натпревари помалку од топчиите. Пред Арсенал е Ливерпул кој има пет бода повеќе.