Изненадување во ВМФЛ – Скопје подобар од лидерот Академија Пандев


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во единствениот натпревар кој се одигра денес од втората македонска фудбалска лига, Скопје на домашен терен ја победи Академија Пандев во натпревар од 17-то коло, 3:2.

Ристе Каракамишев во осмата минута од натпреварот погоди за водство на Скопје. Алексо Новески зголеми на 2:0 во 25-та минута. До крајот на првото полувреме Јани Атанасов постигна погодок за 2:1.

После еден час игра резултатот беше израмнет, а погодокот за израмнување го постигна Зоран Балдовалиев. Победата на Скопје му ја донесе Дарио Десниќ дваесетина минути пред крајот на натпреварот, 3:2.

Академија Пандев ќе остане на првата позиција и после поразот, а Скопје е втор со 10 бода помалку од денешниот противник.