Реал Мадрид ја освои тврдината Сан Мамеш – Касемиро донесе нова кралска победа (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид го победија Атлетик Билбао на Сан Мамеш во натпревар од 28-мо коло во Ла Лига, 1:2.

Атлетик започна со притисок од почетокот на натпреварот. Кралскиот клуб преку Роналдо ја имаше својата прва посериозна шанса за погодок, но голманот на баскијците одбрани. Во 25-та минута Бензема му донесе водство на Реал Мадрид.

Во второто полувреме Ињаки шутираше, но Навас го одбрани зицерот. Адуриз во 65-та минута постигна погодок со глава за израмнување. Нерешениот резултат не стоеше долго на семафорот бидејќи три минути подоцна Касемиро го врати водството на Реал Мадрид. Марсело пропушти да ја запечати победата на кралскиот клуб, а до крајот на натпреварот промена на резултатот немаше, 1:2.

Реал Мадрид после денешната победа ќе остане на првата позиција со пет бода повеќе од второпласираната Барселона која има натпревар помалку од кралскиот клуб, а исто така кралевите имаат натпревар помалку од каталонците.