Четири погодоци, но без победник – Торино и Интер ги поделија бодовите (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Торино и Интер ремизираа во натпревар од 29-то коло во Серија А, 2:2.

Кондогбија во 27-ма минута од натпреварот му донесе водство на нероазурите. Шест минути подоцна Басели погоди со глава за израмнување на резултатот.


Geoffrey Kondogbia GOAL HD -Torino 0-1 Inter 18… by jaredpeele


Daniele Baselli GOAL HD Torino 1-1 Inter 18.03… by jackeddine

Хандановиќ во второто полувреме го одбрани ударот на Љајиќ. После еден час игра Акуах постигна погодок за водство на домашните. Радоста на домашните навивачи не траеше долго бидејќи три минути подоцна Кандрева го израмни резултатот, 2:2.


Afriyie Acquah 2:1 | Torino v. Inter Serie A 18… by brilche


Antonio Candreva Goal HD – Torino 2-2 Inter 18… by riqezi

До крајот на натпреварот резултатот не се промени, на крајот двата клуба ги поделија бодовите, 2:2.

Интер после денешното реми ќе остане на петата позиција со три бода повеќе од шестопласираната Аталанта која има еден натпревар помалку од нероазурите.