„Раониќ има голем потенцијал!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Прославениот американски тенисер, Џон Мекинро смета дека Раониќ има проблеми на психички план и поради тоа се откажува во завршниците на големите турнири.

„Мислам дека беше одличен во Вимблдон и дека имаше одличен Австралијан Опен минатата година, но не успеа да ја помине последната пречка. Верувам дека проблемот е на психичко ниво и тоа постојано му го зборувам.“

„Ќе мора да се наметне како доминантен играч во дуелите со нив, не само физички, туку и псиички. Да покаже желба дека ја сака победата повеќе од сите други.“

Раониќ во моментов е на 4-то место на АТП листата.