Индијан Велс – Вавринка е првиот финалист!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес се одигра првото ½-финале помеѓу Карено-Буста и Вавринка.

Натпреварот започна израмнето и така остана до 8-от гејм, кога успеа Вавринка да ја искористи 2-та брејк топка во сетот и да стигне до 5:3, а потоа со сигурен сервис стигна до 6:3.

Вториот сет започна со сериозна доминација на Вавринка, а до првиот брејк стигна откако ја искористи 5-та брејк топка за 2:1. Втората брејк топка ја освои за 5:2 и потоа со сигурен сервис стигна до 6:2.

Во финалето ќе го чека подобриот од натпреварот помеѓу Федерер и Сок.

Победникот на турнирот ќе добие 1000 АТП поени, а финалистот ќе добие 650 поени на АТП листата.