Суперлига – Втора победа за МЗТ Скопје, совладан Кожув


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на МЗТ Скопје го победија Кожув на гости во натпревар од второто коло во Суперлигата, 71:77.

МекНил на почетокот на натпреварот му донесе водство на Кожув, 5:2. МЗТ со поени на Катниќ, Дреновац и Ѓуроски го презеде водството, 10:11. МекНил постигна две тројки во низа, а Аникиенко за два за 18:11.Лалиќ постигна брзи четири поени во низа за намалување на негативата на три поени, 18:15. Стерјов и Димчевски му донесоа двоцифрено водство на Кожув, 25:15. До крајот на првата четвртина Лалиќ погоди за два, 25:17.

Димчевски на почетокот на втората четвртина го врати двоцифреното водство на Кожув, 29:17. Лалиќ се разигра во втората четвртина и со неговите поени МЗТ ја намалуваше негативата. Седум поени во низа постигнаа аеродромци за 37:34. На полувреме Кожув замина со предност од три поени, 41:38.

Темс и Ѓуроски погодија за водство на МЗТ, 41:46. Водството на гостите варираше во текот на цела трета четвртина, од два до пет поени. Во последните десет минути од натпреварот МЗТ влезе со предност од пет поени, 55:60.

MЗТ преку Клоф и Дреновац зголемија на плус седум, 57:64. Се играше кош за кош до крајот на натпреварот, па гостите на крајот победија, 71:77.

Лалиќ и Темс го предводеа МЗТ до победа со по 20 поени. Дреновац додаде 19 поени. МекНил беше најефикасен во тимот на Кожув со 19 поени. Ѓурасовиќ постигна 16, а Димчевски 13 поени.