Дали фудбалерите на Лестер навистина го бојкотираа Раниери?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Откако Клаудио Раниери е избркан од Лестер, сеуште актуелниот англиски шампион реди победа за победа.

Лисиците беа во неверојатна, повеќемесечна криза во кое време не постигнаа гол на десет натпревари по ред, но откако харизматичкиот италијански тренер доби отказ работите драстично се променија.

Лестер на четири натпревари под водство на Крег Шекспир запишаа исто толку победи и тоа со одлична гол разлика 11:4.

Се почна на Кинг Пауер против Ливерпул, кој Лестер го потопи со 3:1, а во следното коло со ист резултат е совладан Хал истотака како домаќин.

Во меѓувреме, Лисиците сензационално ја исфрлија Севиља од ЛШ победувајќи со 2:0 и така овој мал англиски клуб направи најголем европски успех во својата историја.

Круна на се е победата вчера во Лондон против Вест Хем со резултат 3:2, со што веројатно се решени сите грижи околу опстанокот во лигата.

Ако Лестер играше вака од почетокот на сезоната, веројатно сега рамноправно ќе се борат за ЛШ.

Вака, остана голема мистерија што со месеци се случуваше со Варди, Марез и останатите играчи на овој клуб и со право се поставува прашањето дали соблекувалната навистина го бојкотираше Клаудио Раниери, минатогодишниот чудотворец кој на лош начин го напушти клубот со кој ги допре висините.