Зидан испрати јасна порака до Роналдо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид го победија Билбао вчера во натпревар од 28-то коло во Ла Лига.

Реал го превзема водството во 25-та минута по асистенција на Роналдо.

Домашните стигнаа до израмнување во 65-та минута преку Адуриз, но само три минути подоцна погоди Касемиро за 2:1.

Во центар на внимание беше потегот на Зидан да го замени Роналдо со Иско на теренот.

„Го внесов Иско во игра затоа што сакав редот за врска да го контролира натпреварот и да внесе мир во нашата игра. Роналдо има статус како секој играч и може да биде заменет како и сите тие. Беше среќен по натпреварот затоа што успеавме да освоиме 3 бодови.“