Рамос ги воодушеви навивачите на Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид го победија Атлетик Билбао со 2:1 во рамки на 28-то коло на Ла Лига.

Тимот на Зидан успеа да освои нови три бодови на тешкото гостување кај Билбао.

Головите на Реал ги постигнаа Бензема и Касемиро додека за домаќините гол постигна Адуриз.

Во центар на внимание на навивачите на Реал Мадрид беше Рамос кој ги одигра сите 90 минути.

Иако не постигна гол во вчерашниот натпревар навивачите на Реал беа воодушевени што Рамос играше затоа што само 2 денови претходно беше во болница поради здравствени проблеми.

Рамос инсистираше да игра против Билбао затоа што знаеше дека тоа е едно од најтешките гостувања на Реал. Иако се очекуваше да игра само 1 час, тој на крајот ги помина сите 90 минути.