Список на Италијанците – Се врати Маноло! Уште едно чудо од голман во тимот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Награда за левиот бек на Аталанта и десниот бек на Интер.

Веќе проверени сили. И три нови лица, Вентура го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета во продолжение на квалификациите за Мундијалот во Русија, а на него има неколку измени во однос на минатата година.

Покрај Донарума и Буфон, има уште еден голман, а тоа е Мерет. Станува збор за играч кој има само 19 години, има договор со Удинезе, но минатото лето беше испратен на позајмица во Спал. Има примено 17 голови на 19 натпревари, а успеа 8 пати да ја сочува својата мрежа.

Тука е и Амброзио, кој во последно време игра се подобро во дресот на Интер како десен бек додека прв пат во репрезентацијата е и Спиначола.

Голмани: Буфон, Донарума, Мерет

Дефанзивци: Астори, Барзаљи, Бонучи, Дармијан, Амброзио, Де Шиљо, Ромањоли, Ругани, Спиначола, Запакоста

Играчи за врска: Де Роси, Габијадини, Пароло, Верати, Бернардески, Кандрева, Инсиње, Сансоне

Напаѓачи: Белоти, Едер, Габијадини, Имобиле

Италијанците по 4 кола се наоѓаа на делба на првото место во група Г, со Шпанија имаат по 10 бодови.