Очајни вести за Арсенал и Санчез!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Чилеанецот доби лоши вести, дали можеби веќе се прости од Арсенал?!

Алексис Санчез во саботата можеби го одигра и последниот натпревар во дресот на Арсенал, затоа што лекарските прегледи покажаа дека има сериозна повреда на зглобот.

Медиумите пренесоа дека зглобот на Санчез е во лоша состојба, лигаментите се оштетени, а тоа значи дека мора да оди на долга пауза.

Сеуште нема официјални потврди колку точно ќе отсуствува, но медиумите стравуваат дека за негова оваа сезона можеби е завршена.

Ова е секако ужасна вест за Арсенал кој до крајот ќе се бори за 4-то место и пласман во ЛШ, а сега останува без најдобриот играч.

Не треба да се заборави дека Санчез сеуште нема потпишано нов договор кој му завршува на 30-ти јуни и се погласни се шпекулациите дека тој ќе замине од тимот.

Арсенал е моментално 5-ти на табелата, но доколку Јунајтед победи против Миделсброу, тогаш тимот на Венгер ќе падне на 6-то место.