Мурињо откри колку планира да остане во Јунајтед!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жосе Мурињо во Јунајтед пристигна на почетокот на оваа сезона.

Доби отказ во Челси, па беше неколку месеци слободен, Јунајтед го искористи тоа и го ангажира, а Мурињо е задоволен од изиграното сезонава.

Мурињо за англиските медуми изјави дека ќе остане додека важи договорот, а тоа е уште 2 сезони.

„Минимално сакам да останам 3 години колку што и трае мојот договор. Верувам дека ќе бидам овде три години, но верувам и дека ќе добијам нов договор. Знам дека се очекува многу од оваа екипа, но јас сум задоволен од моите дечки. Секако можеме и подобро“ – вели Мурињо

„Ако управата сака да останам што подолго, со задоволство би останал. Не сум тип на тренер кој ќе остане 10 или 15 години без успех. Сакам големи успеси со Јунајтед“ – додаде Мурињо