Марко Ливаја направи инцидент во соблекувалната!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Марко Ливаја направи инцидент во соблекувалната на Лас Палмас.

Лас Палмас со 1:0 го победи Виљареал, а Ливаја во кавга со тренерот го фрли дресот на земја незадоволен бидејќи не играше.

„Денеска еден играч беше малку повеќе нервозен, бидејќи не играше“ – изјави тренерот на Лас Палмас.

Но не само Ливаја бил незадоволен, наводно и Маурисио Лемос се налутил поради тоа што не истрча на теренот.