Добри вест за Голден Стејт – Наскоро се враќа Дурант!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Крилото на Голден Стејт брзо заздравува од повредата на левата нога, па така ќе патува со тимот на гостувањето во Далас и Оклахома.

Кевин Дурант би можел да се врати на паркетот во текот на наредните недели, иако се очекуваше да трае неговата пауза неколку месеци.

Првата најава на неговото брзо враќање е тоа што ќе патува со својот тим во Далас и Оклахома.

„Прво го гледав како лежи, па како седи и шутира, па потоа стана, а сега веќе шутира од скок. Тоа значи дека одлично оздравува и дека наскоро ќе ни се приклучи во тимот.“

Откако Дурант се повреди на 28 февруари, неговиот тим во 9 натпревари имаше 5 порази и јасно е дека им недостига.