Ериксен и Али обезбедија победа на Тотенхем


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Тотенхем го победија денеска Саутемптон со 2:1 во дуелот од 29 коло од англиската Премиер лига.

Спарси како фаворити влегоа во овој меч, но против незгодниот Саутемптон на крајот стравуваа за три бода.

Добро тимот на Маурисио Покетино влезе во мечот.

Со головите на Ериксен и Али од пенал во 33 минута дојдоа до водство од 2:0, со кој резултат се замина на одмор.

Се вратија гостите во мечот одма на отворањето на второто полувреме Ворд Праус погоди за 2:1, и внесе неизвесност во овој меч.

Сепак, до крајот резултатот не се менуваше.

Шанси за гол имаше, но остана 2:1 за Спарси кои сега се на десет бодови од водечкиот Челси.