Атлетико Мадрид ја прегази Севиља – Мајсторија на Антоан Гризман (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Атлетико Мадрид ја победи Севиља на Висенте Калдерон во натпревар од 28-мо коло во Ла Лига, 3:1.

Гамеиро ја погоди пречката. Во 37-ма минута Годин со глава постигна погодок за водство на јорганџиите.

После еден час игра Гризман постигна фантастичен погодок од слободен удар за 2:0. Коке во 77-ма минута го натера Рико по трет пат да ја вади топката од мрежата.

Четири минути пред крајот на натпреварот Кореа ги постави конечните 3:1.

Атлетико Мадрид после денешната победа ќе останат на четвртата позиција со два бода помалку од третопласираната Севиља.