Агуеро ги спаси граѓаните – Сити и Ливерпул ремизираа (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Сити и Ливерпул ремизираа на Итихад во натпревар од 29-то коло во Премиер Лигата, 1:1.

Давид Силва пропушти огромна шанса да му донесе водство на граѓаните. Мане на другата страна пропушти шанса за погодок. До крајот на првото полувреме Фернандињо и Лалана имаа шанси, но не ги претворија во погодок.

На почетокот на второто полувреме Клиши направи прекршок во казнениот простор, а Ливерпул доби пенал. Милнер беше сигурен од белата точка и му донесе водство на црвените.

Кабаљеро го одбрани ударот на Фирмињо кој можеше да го зголеми водството на Ливерпул. Дваесетина минути пред крајот на натпреварот Агуеро израмни.

Де Брујн ја погоди стативата. До крајот на натпреварот Лалана и Стерлинг не ги реализираа своите шанси, па се заврши со поделба на бодовите, 1:1.

Манчестер Сити ќе остане на третата позиција, а Ливерпул на четвртата позиција после денешното реми.