Милер донесе победа – Баерн Минхен се поблиску до титулата (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Баерн Минхен победија минимално на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах во натпревар од 25-то коло во германската Бундеслига, 0:1.

Левандовски се закани по голот на домашните, но Сомер спречи топката да влези во мрежата. Робен потоа ја погоди стативата.

Во 63-та минута Милер го постигна победничкиот погодок за Баерн Минхен.


Thomas Muller Goal HD – Borussia… by worldfoot

Баерн Минхен после оваа победа ќе остане на лидерската позиција со 13 бода повеќе од второпласираниот Лајпциг.